Утрински Весник
Македонија

Костадинов: Законот за ЈО е темел за независно судство и правда, обидот на Мицкоски да го заштити криминалот на Груевски нема да успее

Костадинов: Законот за ЈО е темел за независно судство и правда, обидот на Мицкоски да го заштити криминалот на Груевски нема да успее

Скопје, 13 февруари 2020

Пред граѓаните ветивме правда, силна правна држава и независно судство.

И правда и независно судство ќе има без оглед на желбата на Христијан Мицковски и неговиот ментор Никола Груевски да го спречат тоа и да го заштитат криминалот во своите редови.

Не успеа мисијата на извршителот Мицкоски да го спаси од одговорност својот шеф во Будимпешта, Никола Груевски.

Законот за јавно обвинителство, кој е во собраниска процедура, е темел на реформите во правосудството и гарантира неселективна правда и конечно – одговорност за сите.

Правниот систем добива трајно решение без да има потреба од специјални институции и ад-хок експериментални решенија.

Со законот почитувани граѓани се гарантира дека сите судски предмети кои произлегоа од СЈО ќе имаат правна завршница. Постапките за овие процеси ќе бидат професионални, фер и базирани на докази.

Аудио материјалите остануваат докази во случаите на СЈО покренати до 30.06.2017 година како што беше предвидено со самото основањето на СЈО.

Нема скриена амнестија за никого и секој за кого постои обвинение ќе одговара пред институциите, согласно законите во нашата држава.

Очигледно тоа му пречи на Христијан Мицкоски па затоа веќе цела година преку пратениците прави се, ова законско решение да не се донесе, да не завладее правната држава.

Усвојувањето на Законот за јавно обвинителство значи и огромен придонес кон европската перспектива на државата и интегрирањето на нашите граѓани во европското семејство.

Го преземаме најважниот чекор за нашата европска интеграција, после ова ЕУ е на потег.

Затоаод овде  ги повикувам сите мои колеги пратеници, да бидат на висина на одговорноста и да се стават во функција на правната држава и овој Закон зад кој застанаа и нашите меѓународни пријатели, ЕУ и САД да биде донесен со потребното мнозинство.

Владеењето на правото, силна правна држава и независно судство се основата на секое демократско општество. Како пратеници имаме обврска тоа да го обезбедиме и ќе го обезбедиме преку носењето на Законот за јавно обвинителство.

СДСМ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации