Утрински Весник
Македонија

Во Велес изградени првите подземни контејнери

Во Велес изградени првите подземни контејнери

Велес, 13 февруари 2020 (МИА) – Општина Велес ги изгради првите два подземни контејнери на локација наспороти паркингот кај Тетарот во Велес.Тоа се првите два од 18 подземни контејнери кои треба да се постават на повеќе локации во централното градско подрачје, со цел сметот да не се расфрла како што е случај со стандардните отворени контејнери и со тоа да се заштити животната средина и да не се нагрдува сликата на градот.

Како што појаснуваат од Општина Велес подземните контејнери  се  изградени во согласност со просторот, а без притоа да се наруши  основната намена на тој простор.Тие се  еколошки подобри за разлика од постоечките отворени на овие локации во градот.

Станува збор за контејнери  за прифаќање на отпад со волумен од три метри кубни, од кои најголем дел  односно две третини од контејнерот ќе биде вкопан во земја, а само една третина ќе биде над површината –надвор.

Контејнерите не  пропуштаат продирање на атмосферските води и од нив  нема  исцедок во околината. Имаат  поклопец и ножен систем за отворање, како и вреќа за собирање на отпадот- од водонепропусен и незапалив полиестер, појаснуваат од Општина Велес.
Општината планира изградба на подземни контејнери и на локации спроти Офицерскиот дом, пред зградата на синдикатот во центарот на градот, до Трговскиот центар во Нова Населба, позади „Суперот“, во населба Тунелот кај Пешачкото мовче над битолската пруга, помеѓу зградата на Централен регистер и Основниот суд и на улиците „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“.
Советот на Општина Велес одлуката за изградбата на подземни контејнери ја донесе на 23 седница  одржана на 15 ноември 2018, кога беше најавено дека ќе се изградат  20, а во првата фаза 18 подземни контејнери. Најавено беше дека нивното поставување ќе започне уште на  почетокот на 2019, а се случи една година подоцна, на почетокот на 2020.ад/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути