Утрински Весник
Македонија

Разговор „Ум за медиум, медиумите на крстопат“ и промоција на нова рубрика на порталот „Окно“

Разговор „Ум за медиум, медиумите на крстопат“ и промоција на нова рубрика на порталот „Окно“

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Разговор насловен „Ум за медиум, медиумите на крстопат“ и промоција на новата рубрика „Медиум на друм“, на порталот „Окно“ ќе се одржи вечер во Јавна соба во Скопје. Разговорот го организираат здружението „Контрапункт“ и порталот за култура „Окно“.

Како што најавија организаторите, во разговорот ќе учествуваат Александра Бубевска, Никола Гелевски, Ѕвездан Георгиевски, Бојан Кордалов и Фросина Крушкаровска.

– Како што сугерира насловот, на настанот ќе се разговара за медиумите. За новите медиумски формати, новите тенденции, променетите општествени контексти и концепти, за потребата од медиумска писменост и за развивањето на критиката и критичката култура, пред сè во сферата на медиумите, наведуваат во соопштението.

Оттаму посочуваат дека новата рубрика „Медиум на друм“, на порталот „Окно“ се занимава со медиумите (авторефлексивно, едукативно, критички), но во малку поинаков формат – текстовите главно се кратки и придружени со анимирани гифови. Педесетина гифови направени од Александар Јосифовски, Мирјана Лозановска и Димитар Грчев ќе бидат прикажани на настанот.

Настанот е поддржан од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Акција на Скопска Црна Гора: Конфискувани десетици кубни метри нелегални дрва кај Брест и Малино

Родителите на загинатите во „Пулс“ од Штип: Чекориме затоа што вистината мора да излезе на виделина и одговорност мора да има

Минибус со навивачи нападнат од група граѓани на патот Прилеп-Ресен