Утрински Весник
Македонија

Петровска: Стабилна безбедносната состојба во Тетовско, нагорен тренд во расветлување кривични дела

Петровска: Стабилна безбедносната состојба во Тетовско, нагорен тренд во расветлување кривични дела

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Генерално, состојбата на подрачјето во надлежност на Секторот за внатрешни работи Тетово и од аспект на безбедноста и од аспект на справување и откривање на разните видови криминалитет е стабилна и бележи нагорен тренд во расветлувањето на кривичните дела.

Ова, меѓу другото, беше констатирано на работната средба што дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска денеска ја имаше со раководството на СВР Тетово.

Како што соопштија од МВР, Петровска била информирана и за активностите што СВР Тетово ги презема во контекст на претстојниот избирачки процес, а во насока на обезбедување на мирни, демократски и фер парламентарни избори.

– На состанокот Петровска, особено нагласи, дека е од императивно значење полицијата целосно да ги испочитува своите обврски и надлежности во поглед на изборните норми, а се со цел да им се овозможи на сите наши граѓани слободно, непосредно да ја изразат својата граѓанска должност, се вели во соопштението од МВР.

Во рамки на работната посета на овој сектор за внатрешни работи, Петровска ги посетила и полициските одделенија во Камењане и Жеровјане, а имала и работни средби и со раководствата на Одделението за внатрешни работи Гостивар и Одделението за безбедност на патниот сообраќај Гостивар.цр/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонски Концепт реагира на обвинувањата од ДУИ во врска назначувањето на д-р Петар Богојески

ДУИ за назначувањето на Богојески: Навредите кон Албанците не само што не се санкционираат, туку и се наградуваат

Средба Божиновска – Милер: Поддршка од КфВ банка за нови енергетски проекти и зајакнување на стратешкото планирање