Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мизрахи да биде разрешена затоа што го крши Уставот

СДСМ: Мизрахи да биде разрешена затоа што го крши Уставот

Скопје, 12 февруари 2020 

Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи мора да биде разрешена поради своето неодговорно и несериозно однесување.

Мизрахи, кадарот на Никола Груевски и Христијан Мицкоски свесно и намерно го крши Уставот и го погазуви историскиот Договор од Преспа со што во ризик ги стави односите со соседите и процесот на евроинтеграциите.

Наместо да се стави во функција на обезбедување на слободни и демократски избори, Мизрахи како министер во техничката Влада, одлучи да спроведува наредби дадени од Мицкоски и Груевски.

Мизрахи се дрзна да злоупотреби државна институција во партиски цели, се дрзна да го прекрши Уставот само за да ги исполни нарачките на Мицкоски и Груевски.

Штетите од овие анти НАТО и анти ЕУ делување на ВМРО-ДПМНЕ може да бидат огромни за граѓаните, за државата, за нашата евро-атланска иднина.

Нема да дозволиме граѓаните, државата, да бидат заложници на неодговорноста и да ја платат цената за овие штети што ги нанесува Мизрахи, постапувајќи по насоките на Мицкоски и Груевски.

Загрозувањето на Договорот од Преспа е на директна штета на НАТО и ЕУ членството тоа мора под итно да биде спречено.

Затоа го поддржуваме предлогот на претседателот на преодната Влада на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски за разрешување на техничката министерка Рашела Мизрахи.

Колку и да се обидуваат, извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски нема да ја вратат државата назад.

СДМС – Центар за комуникации со јавноста

——————————————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути

Петровска на Годишната сесија на Парламентарното собрание на Нато во Канада