Тетово, 12 феврури 2020 (МИА) – Тетовската градоначалничка Теута Арифи во Тирана учествуваше на одбележувањето на јубилејот 100 години главен град на Албанија.
Воедно, во рамки на престојот во Тирана, градоначалничката Арифи остварила средби со градоначалници Албанци на градови кои се дел од Унијата на албански општини.
– Благодариме за гостопримство на градоначалникот на Тирана Ерион Велиај. Унијата на албанските општини ги потврди конкретните проекти. Наскоро се очекува домаќинот на новата регионална средба – Општина Тузи да продолжи со активностите на агендата Унијата на албанските општини во регионот, се вели во соопштението од Општина Тетово.
Во април 2019 година во тетовската општинска зграда, градоначалниците на Тетово, Тирана (Албанија), Приштина (Косово),Туз (Црна Гора), Чаир и Гостивар, како дел од Унијата на албански општини, потпишаа Меморандум за соработка во рамки на иницијативата „Зелени градови“ за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух и јавната чистота.
Предвидено е во Тирана да биде седиштето на Секретаријатот на Унијата како основа за регионални проекти.ас/фф/