Утрински Весник
Спорт

Сити тргнува по Холанд

Холанд прв фудбалер во историјата со осум погодоци на своите први четири натпревари за бундеслигашки клуб

Манчестер, 11 февруари 2020 (МИА) – Манчестер Сити ги насочува силите кон сензацијата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд, тврди електронското издание „90 мин“.

„Граѓаните“ гледаат во 19-годишниот Норвежанец наследник на искусниот Кун Агуеро, кој веќе наполни 30 години.

Тимот најверојатно ќе понуди примамлива сума за услугите на Скандинавецот во текот на летото, но друго прашање е дали Дортмунд би се разделил со него само неколку месеци по доаѓањето во нивните редови.

Холанд успеа да постигне 8 гола на 5 одиграни натпревари за „жолто-црните“, откако пристигна во тимот, а пред тоа имаше одличен период во австрискиот шампион Ред Бул Салцбург – како во локалниот шампионата, така и во Лигата на шампиони.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ