Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Неуставниот закон за ЈО му е важен на Заев заради членот 110 преку кој се амнестира за сите сторени криминали

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не мораше физички да биде присутен на инаугурацијата на Пендаровски

Скопје, 11 февруари 2020

Неуставниот закон за Јавно обвинителство му е важен на Заев заради членот 110 преку кој се амнестира за сите сторени криминали

Во нормална земја на криминалци како што е Заев не би им било дозволено да држат пенкало во рака и да се потпишат на бланко лист, а не да изготвуваат закони за јавно обвинителство.

Нема поголем апсурд кога три пати аболициран криминалец обвинува дека луѓе кои се опфатени со предмети на рекетарското СЈО го блокирале законот.

Заев е патолошки лажго. Како во народната кога крадецот викал држете го крадецот, Заев се обидува да ја префрли вината за насилничкото носење на закони. Нема поголем апсурд од денешниот кога човек кој владее со хибриден режим обвинува за притисоци и закани. Да не беше трагично ќе беше смешно. Доколку имало каков било притисок врз кој било пратеник од страна на некој член на опозицијата, досега Русковска и Кацарска ќе го сместеа во притвор. Тие во притвор праќаа луѓе врз основа на фабрикувани телеграми и доколку имаше трошка вистина во исказите на Заев овие луѓе до сега ќе беа зад решетки.

Неуставниот Закон за Јавно обвинителство му е важен на Заев заради членот 110 преку кој се амнестира за сите сторени криминали.

Со членот 110 став 1 од Законот за јавно обвинителство се предвидува сите незаконски снимени материјали да не може да служат за индиција врз која Обвинителството ќе може да отвори истрага, односно на овој начин Заев се обидува да се амнестира себе си и Катица Јанева, за да не може да важат за нив објавените снимки.

Невиден апсурд е тоа што Заев го тврди во врска со тоа дека незаконски стекнатите материјали не можело да бидат сметани како докази и пред 30 септември. Тогаш зошто воопшто се става датумот во законот и зошто се креира правна несигурност и различни услови за лицата гонети пред 15-ти и после 15-ти септември 2019 ? Незаконските материјали или треба да важат за сите или не смее да важат за никого.

Заев може да бега, но не може да и избега на правдата. После 12 април правдата ќе биде неселективна. Зоран Заев никогаш повеќе.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри