Утрински Весник
Македонија

Николовски: Неповратните средства за млади земјоделци ги зголемуваме на 20.000 евра, сите кои исполнуваат услови да конкурираат  

Николовски: Неповратните средства за млади земјоделци ги зголемуваме на 20.000 евра, сите кои исполнуваат услови да конкурираат  

Скопје, 11 февруари 2020
 
Денеска на неколку дена пред Свети Трифун сме во тиквешијата, разговараме со лозарите и со земјоделците.
Го решивме проблемот со Повардарие и со останатите винарии од претходните неколку години. Најдовме решение и оваа неправда на над  две илјади и шестотини лозари веќе е исправена.
Ги донесовме измените на Законот за вино со кој што поттикнуваме раст на лозарството, нови семејни бутик винарии. Многу млади кој што ќе се ангажираат во овој сектор од земјоделството имаат денеска многу поповолни услови, но клучно, она што го разговараме денес е мерката за поддршка за младите земјоделци.
Минатата година со измените за законот за земјоделство и рурален развој предвидовме износот од десет илјади евра да го зголемиме на дваесет илјади евра грант за младите земјоделци. Ја завршивме целокупната постапка , се направија сите процедури и вчера Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој го објави новиот повик за оваа мерка, со што младите земјоделци од 18 до 40 години кој што ги исполнуваат условите предвидени во овој повик може да аплицираат за грант од дваесет илјади евра кој што може да го искористат за  нова опрема, за нови производствени капацитети, за нови инвестиции и реализација на нивните идеи во земјоделството. Затоа ги поттикнуваме сите да ја искористат оваа можност.
Во претходните две години 526 млади земјоделци добија грантови од околу десет илјади евра. Тоа е речиси дупло повеќе земјоделци кој што добиле грант за разлика од претходните неколку години. Тоа значи дека со новите политики, со олеснувањата на критериумите сме на прав пат да овие средства дојдат кај вистинските земјоделци.
2017 година прво што направивме ги променивме самите критериуми, го избришавме критериумот прв дојден прв услужен, преку кој што во минатите години на претходната влада овие средства не завршуваа кај вистинските земјоделци, не завршуваа кај вистинските млади кој што сакаат да се занимаваат со земјоделство. Затоа во овие две години од 2017 до денеска, вистинските земјоделци, младите луѓе кој што навистина сакаат да се занимаваат со земјоделство имаат целосна поддршка од државата и од министерството.
Токму во тој правец е и овој повик кој што се распиша вчера и кој што ги поттикнува младите земјоделци да аплицираат за нови 100% зголемени грантови за младите земјоделци. Наместо десет сега ќе добиваат дваесет илјади евра неповратни средства. Повикот е распишан до десети март и верувам дека сите млади ќе ја искористат оваа можност и ќе започнат со реализација на својата идеја во агро секторот.
 Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија