Утрински Весник
Македонија

Средба Заев – Ди Мајо: Италија е стратешки партнер на Република Северна Македонија и на целиот Балкан

Средба Заев – Ди Мајо: Италија е стратешки партнер на Република Северна Македонија и на целиот Балкан

Скопје, 11 февруари 2020

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски денеска во Скопје остварија средба со италијанска делегација предводена од министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Република Италија Луиџи ди Мајо.

На средбата, пред се, стана збор за евроатлантската интеграција на Северна Македонија, актуелната политичка состојба во земјата пред парламентарните избори на 12 април, како и за билатерална соработка и економските односи меѓу двете земји.

Италија е стратешки партнер, не само на нашата земја, туку на целиот Балкан, истакна претседателот Заев и нагласи дека цврсто веруваме во евроатлантската иднина, што донесовме тешки и храбри одлуки, клучни за иднината на земјата.

Тој се заблагодари на целокупната поддршка што ја дава Италија на евроатлантската интеграција на земјата и изрази надеж дека Република Северна Македонија наскоро ќе добие добри вести од ЕУ.

Шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо го поздрави напредокот што го оствари земјата, со што ги отвори вратите на најмоќниот воен сојуз.

Добредојдовте во НАТО, рече Мајо и изрази надеж дека на пролет, ќе започне да се имплементира и ЕУ проектот за Северна Македонија.

Тој додаде дека иако ЕУ се соочува со компликувана ситуација, Италија ја дава целокупната поддршка за напорите и амбициите на Македонија и на Албанија за започнување на пристапни преговори за членство во ЕУ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско

Филипче: Платите на лекарите мора да растат