Утрински Весник
Македонија

„ЕЛЕМ ТУРС“: Вработените треба да се посветени на своите работни обврски

„ЕЛЕМ ТУРС“: Вработените треба да се посветени на своите работни обврски

Скопје, 11 февруари 2020

„ЕЛЕМ ТУРС“ се оградува од тврдењата на својот вработен Ивица Томовски изнесени во последните негови изјави од пред управната зграда на компанијата АД „ЕСМ“, на прес-конференции во име на партијата ВМРО-ДПМНЕ, нанесувајќи штета со неговите наводи на угледот и на деловното работење на АД „ЕСМ“ и на „ЕЛЕМ ТУРС“.

„ЕЛЕМ ТУРС“, како фирма-ќерка на А.Д. „Електрани на Северна Македонија“, смета дека вработените треба да се посветени на своите работни обврски и секојдневно да ги вложуваат своите капацитети на своето работно место и на тој начин да дадат придонес за подобрување на состојбата на фирмата од каде добиваат личен доход и да придонесат за добробит на целата компанија.

ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ – Скопје

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зијадин Села реагира на судска одлука со која раководењето со АА му е доделено на Арбен Таравари

Европски фронт предводен од ДУИ поднел Предлог-резолуција за Законот за употреба на јазиците во правосудниот испит

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите