Утрински Весник
Македонија

Почна изградбата на базен од затворен тип во Кичево

Почна изградбата на базен од затворен тип во Кичево
Screenshot

Кичево,11февруари 2020 (МИА) Базен од затворен тип ќе се гради во близина на стадионот „Влазерими“ во населбата Пашино во Кичево што е согласно одлуката на Владата, според која е предвидено да се изградат вкупно 14 базени, од кои еден токму во овој град со околу 70 илјади жители.

Дополнително во оваа локација е предвидена покрај базенот да се градат и други спортски објекти – спортска сала, тениско игралиште, велосипедски патеки. Секако тука се двата стадиона, од кој едниот е изграден со средства на Фудбалската Федерација на С. Македонија, кој е со вештачка трева и секако постојниот стадион на Ф.К. „Влазерими.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Изградбата на овој базен ќе чини околу 44 милиони денари, додека времето предвидено за изградба е 18 месеци.

Според директорот Каевски, базенот ќе биде со димензии 25 метри со девет метри, односно неговата намена првично е за децата, но во попладневните часови ќе можат да го користат и другите граѓани на Кичево. Градоначалникот Фатмир Дехари изрази благодарност до Агенцијата за овој мошне важен инфраструктурен објект за децата, младите и другите граѓани на Кичево.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, пак, истакна дека оваа инвестиција е доказ дека Владата работи во изградбата на инфраструктурини објекти кои се во интерес на децата, младите, но и другите категории граѓани. Овој чин денеска, оцени, е доказ дека работиме на рамномерен развој на целата земја. рз/оџ/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Променливо облачно со повремен дожд, попладне услови за краткотрајно невреме

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога