Утрински Весник
Македонија

Осуденици од странски држави префрлени од Идризово во затворот Кшање бараат подобри услови

Осуденици од странски држави префрлени од Идризово во затворот Кшање бараат подобри услови

Куманово, 11 февруари 2020 (МИА) – Трисетина осуденици, странски државјани кои пред неколку дена се префрлени од затворот Идризово во затворот Куманово од вчера попладне штрајкуваат со глад, потврдија денеска надлежните од Казнено поправната установа Куманово. Осудениците од повеќе држави, Албанија, Косово, Србија, Пакистан, Судан, Венецуела, Чешка, Германија денеска се сретнале до директорот на установата од кого побарале подобри услови за престој.
-Остваривме средба на која тие побараа поголемо шеталиште, слободно движење, непосреден контакт со други осуденици. Ние не можеме да одговориме на овие барања, бидејќи го почитуваме куќниот ред на установата кој е утврден со Закон, изјави директорот на затвор Куманово, Марјан Спасовски.
За штрајкот на осудениците, додава Спасовски, информирани се сите надлежни институции во државата  и амбасади на државите од кои потекнуваат осудениците.
-Не се знае дали затворениците ќе го прекинат или ќе продолжат со штрајкот. Дел од нив примија храна, додава Спасовски.
Затворот Куманово, сместен во село Кшање беше изграден пред шест години, зафаќа површина од околу 5000 метри квадратни, има капацитет за 250 затвореници, располага со солидни услови за престој. ам/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Андоновски: Месецов поднесени околу 6.000 барања за дигитални услуги

Филипче за денот на албанската азбука: Да градиме мостови на разбирање и соработка

Со буџетот за 2025 година полициските службеници ќе добијат покачување на платите