Утрински Весник
Спорт

Претседателот на УЕФА и потпретседателот на ФИФА на 25 февруари во Атина за преуредување на грчкото фудбалско првенство

УЕФА без коментар за притворањето на Платини

Атина, 11 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и потпретседтаелот на ФИФА, Грек Кларк на 25 февруари 2020 ќе ја посетат Атина за да ја потпишат рамката за соработка со грчката влада за преуредување на грчкото фудбалско првенство, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката влада, Стелиос Пецас, откри детали околу посетата и рече дека тоа што Чеферин ќе придружуван од потпретседателот на ФИФА е особено важно, бидејќи кон тоа се стремела Атина уште од почетокот на разговорите со челниците на двете федерации.

-Господинот Кларк, безсомнение има авторитет. Многу години веќе е претседател на англиската фудбалска федерација. Придонесе одлучувачки, како во справувањето со насилството, така и во зголемувањето на приходите во фудбалското чудо што го гледаме во Обединетото Кралство. Според тоа, со неговиот авторитет и со неговото знаење, одлучно ќе придонесе во создавање на рамката, што се очекува да се потпише на 25 февруари, за конечно да имаме преуредување и враќање на правилното функционирање на грчкиот фудбал, рече Пецас.

Посетата доаѓа по средбите на државниот министер на Грција, Јоргос Герапетритис, кој на два пати беше во посета на Швајцарија, на средби со челниците на ФИФА и УЕФА за да се одредат деталите за учеството на федерациите во планот за средување на ситуацијата во грчкиот фудбал.

На крајот на јануари, грчиот премиер Кирјакос Мицотакис рече дека „владата ќе се обрати на највисоко ниво, до раководството на ФИФА и УЕФА, а претседателите на двете федерации, ќе бидат лично поканети, за заедно со да се подготви меморандум за обнова и рестартирање на грчкиот фудбал”. ср/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Реал останува највреден фудбалски клуб во светот

Реал е највредниот фудбалски клуб во светот

Реал на аукција ја продава соблекувалната