Утрински Весник
Македонија

Пролетни акции за чистење на приградските населби и села во кумановско

Пролетни акции за чистење на приградските населби и села во кумановско

Куманово, 11 февруари 2020 (МИА) – Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ од Куманово почна со реализација на пролетните акции за чистење на приградските и руралните средини.
Како што информираа денеска од претпријатието, нивни екипи веќе ја исчистиле населбата „Вера Которка“ и излезот од населбата „Диво Насеље“ кон селото Романовце.
-Исчистен е отпадот покрај патот, измиен е коловозот од кал и песок, искастрени се гранките покрај патиштата, остранет е сметот, изјави директорот на јавното претпријатие, Даниел Стојчевски.
Акциите почнаа да се спроведуваат лани, а годинава ќе продолжат до крајот на летово. Ќе се спроведуваат секоја сабота и ќе опфатат приближно триесетина приградски и рурални средини. Акциите се спроведуваат надвор од програмата на претпријатието.
-Апелирам до граѓаните да не создаваат смет на веќе исчистените локации и ги повикувам да ни се придружат во расчистувањето и уредувањето на нивните локални места, рече Стојчевски. ам/бак/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи