Утрински Весник
Македонија

Работна средба на тема како да се редистрбуира вишокот храна во Тетово

Работна средба на тема како да се редистрбуира вишокот храна во Тетово

Тетово, 11 февруари 2020 (МИА) – Како да се редистрибуира вишокот храна на локално ниво, дебатираа на работна средба потенцијалните чинители во оваа област во Тетово. Беа презентирани позитивни примери и практики на функционирање на банките за храна во другите градови.

-Во градовите како Кавадарци, Свети Николе, Битола, општините Центар и Чаир нашата коалиција на невладини организации заедно со локалните власти веќе спроведува вакви активности и храна се доделува на оние кои немаат. Истражувањата кои ги правиме покажуваат дека едно семејство на годишно ниво фрла храна во вредност од 300 евра или 50 денари на ден. Од друга страна има над 70 илјади луѓе во државата кои можат да јадат само два до три пати неделно, а 60 проценти од нив се деца, изјави Душко Христов од организацијата Банка за храна Македонија.

Според Христов, голема можност државниот систем да реализира распределбата на храна има согласно законот за донирање на храна кој се уште е во фаза на јавна расправа.

-Оператори со храна како што фирми производители, диструбитери и продавачи треба да сочинат систем-оператор како алатка. Таму вишоците ќе се најавуваат. Тој вишок храна ние организациите може да ја редистрибуираме доколку исполниме три услови-добиено решение за работа од Агенција за храна, како и минимум услови за складирање и обезбедено превозно средство со еден вработен. Дел од законот предвидува храна која има 2-3 дена пред истек на рокот да се објави во систем операторот, рече Христов.

Според анализите на организацијата, храна која не трае долго најмногу се фрла. Таква е состојбаа со леб, овошје, зеленчук и сувомеснати производи. ас/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија