Утрински Весник
Македонија

Мицкоски на средба со министерот за надворешни работи на Италија

Мицкоски на средба со министерот за надворешни работи на Италија

Скопје, 11 февруаи 2020

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно делегација од високи партиски функционери денеска (11.02.2020) остварија средба со министерот за надворешни работи на Република Италија, Луиџи Ди Мајо.

На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во државата, претстојните парламентарни избори и европската перспектива на Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Европската Унија е главен стратешки приоритет на Македонија, но изрази загриженост поради лошата економска ситуација, недоволното исполнување на реформите и противуставното носење на Законот за јавно обвинителство.

Мицкоски потенцираше дека потребен е закон за јавно обвинителство кој ќе биде напишан од експерти кој ќе гарантира вистинско владеење на правото и ќе ја доближи Македонија до Европската Унија. Додека законот кој го предложи владата на СДСМ е крајно неправеден закон со кој единствено се амнестираат криминалите кои се направени во изминативе години.

Тој додаде дека високата корупција и криминалните афери кои се поврзани со високите ешалони на власта за кои немам никаква правна разрешница  претставуваат сериозен проблем во владеењето на правото и го нарушуваат патот на Македонија кон Европската Унија.

Мицкоски посочи дека  владата која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе се посвети на исполнување на клучните реформи и ќе воведе економски мерки со цел доближување на Македонија до европските стандарди и вредности.

На средбата беше констатирана одличната соработка помеѓу двете држави и беше посочено дека во иднина постои простор за поголема соработка како на економски така и на научен план.


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани