Скопје, 11 февруари 2020
Почитувани новинари,
Законот за Јавно обвинителство е суштината за правна држава, владеење на правото и санкционирање на сите кои сториле кривични дела.
Очигледна е нервозата кај извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски затоа што не успеа да го реализира налогот на Никола Груевски.
Толку е очаен, што синоќешниот потег на извршителот Мицкоски преку обвинетиот Илија Димовски да глуми загриженост за Законот всушност покажа дека воопшто не разбира правни процедури.
Законот ја гарантира нашата европска перспектива и наша обврска како партии е да покажеме одговорност и грижа за иднината на младите генерации.
И покрај сите блокади, опструкции и противења, извршителот Мицкоски не успеа во својата мисија да го одбрани криминалот на партијата.
Со Законот за јавно обвинителство одговорно тврдиме дека нема никаква скриена амнестија за криминалот на режимот, туку ќе има одговорност за сите.
Законот значи дека ќе има правна завршница за сите судски случаи во кои се обвинети поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а меѓу нив и Никола Груевски, шефот и ментор на Мицкоски.
Ова им е јасно во ВМРО-ДПМНЕ и затоа е големата паника во белиот дворец.
Прислушуваните материјали остануваат докази до законскиот рок а за останатите предмети ќе бидат индиции.
Тоа не значи никаква амнестија за никого. Напротив, законот гарантира дека сите судски процеси кои произлегуваат од СЈО ќе добијат своја правна разрешница, низ професионална и фер постапка, базирана на докази.
Ние како пратеници во Собранието треба да се ставиме на страната на правдата, на страната на сигурната иднина и да гласаме за ова законско решение, секако да бидеме оптимисти и да очекуваме двотретинско мнозинство во Собранието.
Ова ни е шанса да го потврдиме европскиот пат на нашата земја и заедно да ја потврдиме нашата стратешка определба за обезбедување правна држава.
Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник
_____________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки