Утрински Весник
Свет

Украина подготвува нови напади врз Кримскиот мост

Krimskiot most.webp.webp

Украина подготвува нови напади врз мостот што ја поврзува Русија со полуостровот Крим, кој руските сили го анектираа во 2014 година, објави денеска британскиот весник „Телеграф“.

– Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ наредил на воената команда да ја прекине и последната преостаната функционална врска на мостот што ја поврзува Русија со окупираниот Крим, наведува весникот.


По украинските напади во средината на ноември, дел од коловозот на мостот со четири ленти се урнал заедно со носечкиот лак.

Украинските разузнавачки служби тврдат дека во нападите сериозно бил оштетен и железничкиот дел од мостот.

Руското Министерство за транспорт потврди дека патниот сообраќај преку мостот е прекинат, но соопшти дека патничките возови и натаму сообраќаат.

Мостот, долг 19 километри, е најдолг во Европа и има големо стратешко значење бидејќи го поврзува Крим директно со руската територија, прекинувајќи ја неговата географска изолираност.

Можете да прочитате

Меѓународниот суд за поморско право го одби барањето на Аргентина за запирање на дупчењата кај Фолкландските Острови

Запрена изградбата на центар за податоци на Гугл во Белгија

Седум ученици загинаа, а 99 се повредени во експлозија во близина на училиште во Авганистан