Утрински Весник
Балкан

Тинејџер криел снајпер, бомби и повеќе од 100 килограми дрога, уапсен во мотел во Белград

Srbija Policija 960x548 1.jpg

Српската полиција вчера во Белград уапси 17-годишник, откако во просториите на мотелот што тој ги користел, пронајде снајперска пушка со придушувач, пет рачни бомби и повеќе од 107 килограми супстанца за која постои сомневање дека е дрога.

При претресот на апартманот и другите простории во мотелот, полицијата пронашла околу 100 килограми супстанца налик на марихуана, 3,5 килограми супстанца налик на кокаин и четири килограми супстанца налик на хероин, соопшти српската полиција. Исто така, запленети се две дигитални ваги и пет куршуми за пронајдената пушка.


Малолетникот се сомничи за неовластено производство и трговија со дрога, како и за незаконско производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи.

По апсењето, тој бил изведен пред судија за малолетници при Вишиот суд во Пожаревац.

Полицијата не објави информации за потеклото на оружјето, ниту пак за тоа за кого била наменета дрогата.

Можете да прочитате

Готовина од трезорот и уплати без покритие, тројца нови осомничени во истрагата за „Алта банка“ во Србија

Студентите најавија формирање на нова политичка партија – Обединети за Албанија

Голема акција на Интерпол во 18 држави: Уапсени 65 лица, меѓу нив и осомничени за тероризам