
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода седум лица возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, пет лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: А.Р.(19) од Скопје, Е.С.(33) од с.Мојанци, скопско, А.Б.(21) од с.Матка, скопско, Н.В.(30) од с.Вражале, скопско, С.Г. (58) од Македонска Каменица, кој бил и под дејство на алкохол. Со активна мерка за управување моторно возило управувал Д.К.(25) од Скопје.
Додека, пак, под дејство на алкохол возел И.Т.(64) од с.Возарци, кавадаречко и предизвикал сообраќајна незгода. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

