Утрински Весник
Македонија

Богдановиќ за пораката до Вучиќ: Му се заблагодарив за сè што направи за Македонија

Img 8984.jpeg

Саша Богдановиќ во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ откри дека по изборите во Србија му испратил порака на српскиот претседател Александар Вучиќ, во која му се заблагодарил за досегашната поддршка.

„Прво му се заблагодарив за сè што направи за нас, пред сè за цела Македонија, за сите отворени врати“, изјави Богдановиќ. На прашањето дали Вучиќ му одговорил, тој одговори потврдно.


Богдановиќ особено ја истакна поддршката за зачувување на културата, идентитетот и традицијата на Србите во Македонија. Според него, Вучиќ во изминатите години ја поддржувал српската заедница преку проекти, стипендии, младински кампови и културни манифестации, без оглед на политичката припадност.

Тој изрази надеж дека и идната српска влада ќе ја продолжи соработката и поддршката за српската заедница во Македонија.

Можете да прочитате

Богдановиќ: По оставката од СДСМ никој од раководството не ме побара да разговараме

Богдановиќ со обвинувања до СДСМ поради критиките за српскиот културен центар и инвестициите

Богдановиќ: Вучиќ ужива голема доверба кај граѓаните во Македонија