Утрински Весник
Скопје

ЈП ПОЦ предупредува на лажни СМС-пораки и обиди за измама

20261124 101621.jpg

ЈП „Паркинзи на Општина Центар” ги предупредува граѓаните за појава на лажни СМС-пораки во кои непознати испраќачи го злоупотребуваат името на претпријатието, известувајќи за наводни неплатени обврски за паркирање и упатувајќи ги граѓаните на лажни интернет-страници за извршување уплата.

Во пораките се наведуваат и закани за парични казни од најмалку 20.000 денари, како и за суспензија на регистрацијата на возилото доколку не се изврши плаќањето.


Ја информираме јавноста дека овие СМС-пораки не се испратени од ЈП ПОЦ и дека станува збор за обид за интернет-измама (фишинг), преку злоупотреба на името на претпријатието.

Апелираме до граѓаните да не одговараат на ваквите пораки, да не ги отвораат линковите содржани во нив, да не внесуваат лични податоци и податоци од платежни картички и да не вршат уплати преку овие линкови.

Доколку граѓаните веќе внесле податоци од платежна картичка или извршиле уплата, потребно е веднаш да ја контактираат својата банка и да го пријават случајот во Министерството за внатрешни работи.

За проверка на евентуални обврски за паркирање, ги повикуваме граѓаните да ги користат исклучиво официјалните канали на ЈП „Паркинзи на Општина Центар” – веб-страницата www.poc.mk, електронската адреса info@poc.mk или телефонските броеви 02/3212-488 и 02/3212-489. Апелираме до граѓаните на зголемена внимателност со цел да се спречат евентуални финансиски штети и злоупотреби на нивните лични податоци.

Можете да прочитате

Отстранети 3.500 тони комунален отпад на територија на град Скопје

Дел од општина Гази Баба и село Катланово без струја

Герасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова”, доасфалтиран последниот дел од улицата