Утрински Весник
Македонија

Левица: Јаневска и ДПМНЕ ги ограбија студентите 400 милиони денари, а сега им порачуваат дека за права кои според закон им следуваат ќе мора да се судат

Obrok.webp.webp

Соопштение на Левица:

Скандалозни размери добива ароганцијата со која министерката Јаневска го третира студентскиот стандард. Во синоќешното гостување во „360 степени”, Јаневска практично најави дека Министерството за образование ќе продолжи да ја игнорира законската обврска за усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата, сè додека судот не го принуди да постапи! Откако Левица уште во август обелодени дека студентите се оштетени за околу 400 милиони денари, наместо да следува итно обесштетување, Јаневска со своите изјави демонстрира дека ДПМНЕ всушност свесно го претвора непочитувањето на Законот во инструмент за штедење на грбот на студентите. Дотаму оди дрскоста на оваа власт што студентите, покрај секојдневната битка со поскапувањата и мизерниот студентски стандард, сега мораат да водат и судска битка за сопствените законски загарантирани права!


Скандалозен е обидот на Јаневска да се амнестира од одговорноста со образложение дека во Законот не било прецизирано кој треба да го изврши усогласувањето. Членот 2 од Законот за субвенциониран студентски оброк изречно предвидува усогласување на износот со инфлациската стапка по секоја фискална година, а пред донесувањето на Буџетот за следната година, додека членовите 3 и 13-а токму Министерството го задолжуваат за надзор над спроведувањето на Законот!Од кога почитувањето на законите во Македонија е прашање на добра волја на министрите и од кога граѓаните се должни судски да ги принудуваат министрите да си ја вршат работата?!

Да потсетиме, истата оваа министерка во неколку наврати јавно лажеше дека Владата на ДПМНЕ го покачувала студентскиот оброк, па дури и дека на студентите однапред им дала повеќе средства. Од измислени покачувања, преку оправдувања дека студентите не се пожалиле, до правни акробации за тоа кој е надлежен – целокупниот ангажман на Јаневска изминативе месеци се сведува на изнаоѓање алиби за неисплаќањето на парите што законски им припаѓаат на студентите.

Левица ги исцрпува сите институционални механизми за да стави крај на ваквиот грабеж на студентите. Уште во септември предложивме законски измени за зголемување на субвенционираниот студентски оброк – предлог кој ДПМНЕ го одби. Мнозинството го одби и амандманот на Левица кон ребалансот на Буџетот за 2026 година за зголемување на студентскиот оброк. Поднесовме и тужба до Управниот суд и претставка до Народниот правобранител поради непостапувањето на МОН.

Дополнително, Левица повторно поднесе амандман за зголемување на студентскиот оброк, овојпат кон Предлог-буџетот за 2027 година, и го повикуваме мнозинството на ДПМНЕ да го усвои истиот. Студентите не се должни да го финансираат буџетскиот комодитет на власта со сопствениот глад, ниту да чекаат судска пресуда за да добијат пристоен оброк. Најавуваме дека Левица повторно ќе поднесе предлог за зголемување на субвенционираниот студентски оброк како што впрочем налага и законот. Доволно долго ДПМНЕ штеди на студентската трпеза, а расипнички се однесува со државната каса!

Можете да прочитате

ДОМ: Законот за тројно и петкратно оданочување на празните станови веќе постои, но Владата и општините одбиваат да го применат

Со сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Отворен конкурсот за годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија