Утрински Весник
Економија

Од Нова Година скопјани ќе плаќаат поскапо парно?

Parno grene.png

Нови повисоки сметки за парно ги очекуваат скопските домаќинства од 1 јануари, откако според предлог-одлуките објавени од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на топлинската енергија за најголем дел од домаќинствата ќе се зголеми за околу 7,5 проценти.

Зголемувањето се однесува на корисниците на „ЕСМ Снабдување“ и „Скопје Север“, со чија мрежа управува приватната компанија „Енерџи Еколинк“.


За домаќинствата што се снабдуваат преку „ЕСМ Енергетика“, односно железарското парно, е предвидено поскапување од 7,2 проценти. Поголем раст на цените ги очекува фирмите и другите правни лица што користат централно греење. За оваа категорија потрошувачи предложеното зголемување изнесува околу 13 проценти.

Како главна причина за поскапувањето РКЕ го наведува растот на цената на природниот гас, а доколку предлог-тарифите бидат усвоени, ќе почнат да важат од 1 јануари 2027 година, со што, тоа ќе биде трето поскапување на парното во рок од една година, откако претходните две корекции веќе ја зголемија цената за вкупно околу 11 проценти.

Можете да прочитате

САД ја засилуваат битката за критичните минерали: рударството е дел од иднината

Од Скопје до Охрид, нова инфраструктурна мрежа низ државата

Левица: ДПМНЕ го одби нашиот амандман за финансиска поддршка на малите бизниси