Утрински Весник
Свет

Пакистанскиот град Лахор има најзагаден воздух во светот, според податоци од швајцарска платформа

20261122110431 big 730x400 11.webp.webp

Опасниот смог над Лахор во Пакистан, го направи градот со најзагаден воздух на планетата, објави ДПА, повикувајќи се на податоци од швајцарската технолошка компанија IQAir, една од најголемите платформи за следење на квалитетот на воздухот во светот.

Пријавената концентрација на загадувачи во воздухот во Лахор е 289 поени според американскиот индекс за квалитет на воздух што го користи IQAir. Градот во источниот Пакистан, кој се граничи со Индија, го имаше најзагадениот воздух во светот во последните недели, откако густ и опасен смог покри делови од централната покраина Пенџаб.


Автопатите што ги поврзуваат големите градови беа затворени за сообраќај од страна на властите поради слаба видливост. Покрај изречените мерки, се изрекуваат казни за возилата што ја загадуваат животната средина, забележа ДПА.

Пакистанските власти ги обвинуваат емисиите од фабриките, чадот од печки за тули и возилата, како и согорувањето на земјоделски и домашен отпад за загадувањето на воздухот и смогот во Лахор.

Пакистан е одговорен за помалку од еден процент од глобалните емисии на јаглерод, но е меѓу десетте земји најранливи на климатските промени. 

Можете да прочитате

Арагчи: Ормуската теснина нема да биде отворена додека не се исполнат условите поставени од Техеран

Средбата меѓу Трамп и Ким Џонг Ун не се одржа поради условите на Северна Кореја

Исламот би можел да стане најголема светска религија до 2035 година