Утрински Весник
Македонија

„Тагата е наша, вината е ваша“: Блокада пред Владата со барања за заштита на жените

Zhenski nadzor.jpeg

Со скандирања „Жени, живот, слобода“ и „Сите за една, една за сите“, денеска почна блокадата „Ниту една повеќе“ пред Владата во Скопје. Учесниците побараа одговорност од институциите и навремена заштита на жените што пријавуваат насилство.

На собирот беа истакнати транспаренти со пораки „Системот заборава, ние не“ и „Тагата е наша, вината е ваша“. Присутните порачаа дека ќе продолжат да бараат правда за жртвите и конкретно постапување од надлежните.


Пред насобраните се обрати и мајка на девојка од Битола, која сведочеше за насилството што, според неа, го трпела нејзината ќерка и за заштитата што изостанала.

„Бараме да ги заштитите нашите деца“, порача таа, повикувајќи ги МВР и Обвинителството итно да постапат.

Мајката го оспори времетраењето на притворот за пријавениот и наведе дека постојат пораки и видеоматеријали поврзани со случајот. Таа апелираше жените да не молчат и да не трпат насилство.

Во рамките на блокадата беше најавена и симболична акција со платно со натпис „Женски надзор“, на кое учесниците оставаат пораки за поддршка и солидарност.

Можете да прочитате

Две малолетнички натепале и ограбиле малолетничка и сето тоа го снимале

ДУИ: ВЛЕН го понижува Уставниот комитет за односи меѓу заедници

Николоски: Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово