Утрински Весник
Економија

Само 1,95% камата за инвестиции: Владата веќе пласираше 242 милиони евра

Ministerstvo za finansii.jpg

Домашните компании продолжуваат да добиваат финансиска поддршка за инвестиции по исклучително поволни услови, со каматна стапка од 1,95 проценти и рок на отплата до 15 години.

Владата досега преку оваа мерка пласирала 14,9 милијарди денари, односно околу 242 милиони евра во приватниот сектор, а со нови 45,2 милиони денари од Централниот буџет кон Развојната банка продолжува реализацијата на програмата.


Средствата се наменети за поттикнување на инвестицискиот циклус кај домашните компании и економскиот раст.

Кредитирањето се реализира преку Развојната банка и деловните банки, а покрај ниската каматна стапка, компаниите имаат можност за отплата до 15 години и грејс-период до три години.

Финансиските средства се обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка. За реализација на мерката во Буџетот се предвидени вкупно 250 милиони евра, од кои првата транша беше префрлена во март минатата година.

Со оваа програма се овозможува полесен пристап до финансии за домашниот бизнис и поддршка на приватните инвестиции.

Можете да прочитате

ДОМ: Владата ги остава граѓаните сами да се справуваат со сè поскапиот живот!

Кузеска: НБРМ го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?

Соседите истражуваат и отвораат нови рударски перспективи, кај нас Иловица останува неискористена