Утрински Весник
Македонија

Пожар во „8 Септември“: Евакуирани пациентите од ортопедија, гореле инвалидски колички

Gradska Opsta Bolnica Osmi Septemvri 8.jpg

Пациентите од Одделението за ортопедија во скопската Градска општа болница „8 Септември“ утрово биле евакуирани откако избувнал пожар на вториот кат. Според противпожарната бригада, нема повредени, а огнот е изгаснат.

Командирот на скопската противпожарна бригада Ѕвонко Томески изјави дека гореле инвалидски колички на тераса од болничка соба. По повикот преку бројот 112, кон болницата биле упатени четири противпожарни возила. Тој појасни дека не станува збор за запалена електрична инсталација.


Од Центарот за управување со кризи потврдија дека пожарот е локализиран и нема опасност од негово понатамошно ширење.

Според болнички извори на САКАМДАКАЖАМ.МК, густиот чад навлегол во одделението, по што вработените ги евакуирале пациентите. Истиот извор наведува дека дел од медицинскиот персонал примал кислородна терапија поради вдишување чад.

Причината за избувнувањето на пожарот допрва треба да се утврди. Неофицијалните сомнежи дека огнот настанал од запалена цигара засега не се потврдени.

Можете да прочитате

Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене

Царински службеници спречија нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз

28годишен скопјанец го запалил автомобилот на мајка му