Утрински Весник
Економија

Серафимовски одржа средба со претставници на Сојузот на одгледувачите на овци

Image 2026 11 19 170622597.png

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска одржа средба со претставници на Сојузот на одгледувачите на овци.

Како што информира преку својот фејсбук-профил, станало збор за програмите за директни плаќања за наредната година.  


– Транспарентноста во креирањето на мерките за поддршка на земјоделството е принцип по кој се раководам и затоа денеска одржав работна средба со претставници на Сојузот на одгледувачите на овци. Програмите за директни плаќања за наредната година почнуваме да ги подготвуваме порано за да имаме доволно време, преку дијалог со сите учесници во секторот, заеднички да ја утврдиме поддршката. Искрено го почитувам искуството на одгледувачите, чиј труд и знаење се препознаваат во квалитетот на македонското јагнешко месо, овчото млеко и сирењето. Верувам дека со добра волја да се сослушаме и да работиме заедно можеме да дојдеме до одржливи решенија за сточарството – наведува Серафимовски. 

Можете да прочитате

МФ: Над 240 милиони евра поддршка за домашните компании по поволни услови, префрлена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Почна вакцинацијата на ситниот добиток против болеста сипаници кај овци и кози

Новата законска рамка и дигиталната платформа овозможуваат поедноставно и законско ангажирање сезонски работници