Утрински Весник
Македонија

Пронајдени пет мигранти од Непал во возило во Куманово, приведен 29-годишен скопјанец

Migranti.jpg

На 17.11.2026 во 22:30 часот во Куманово, кај местото викано „Нато клучка“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при РЦ за ГР Север го лишија од слобода А.И.(29) од Скопје. при контрола во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Непал.

Лицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се спроведени во прифатен центар за странци во Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.


Можете да прочитате

Геговска: На жените во Македонија не им треба лицемерие и мртво слово на хартија, туку вистинска и навремена заштита

Итни законски измени и одговорност од институциите бараат организациите по седумте фемициди годинава

Николоски: Од 1 јануари државата ќе биде единствен организатор на онлајн игрите на среќа и ВЛТ терминалите