Утрински Весник
Македонија

Вечерва се отвора 51. МОТ со словенечката претстава „Кратки приказни“

Image 2026 11 18 110748145.png

Со претставата „Кратки приказни“ на Театар Антон Подбевшек од Словенија, вечерва, на 18 ноември, со почеток во 20 часот, во салата 25 Мај на Младинскиот културен центар, свечено ќе биде отворено 51. издание на МОТ – Млад отворен театар.

Под мотото „Овојпат таа кажува“, годинешното издание на фестивалот, кое ќе трае до 24 ноември, е посветено на жената и женското авторство, со програма составена од претстави режирани од жени и продукции од Македонија, регионот и Европа.


Отворањето го носи словенечката претстава „Кратки приказни“, во режија и кореографија на Сања Нешковиќ Першин. Станува збор за театарски експеримент кој преку различни сценски изрази ги спојува класичната глума, физичкиот театар, танцот, кореографијата и впечатливите визуелни композиции.

Претставата се отвора како прошетка низ изложба, поставувајќи прашања за заробеноста и замките на современиот живот. Секоја сцена функционира како самостојна визуелна и концептуална целина, но сите заедно се слеваат во приказната за протагонистот кој талка низ лавиринт. Низ ова патување се преиспитуваат слободата, љубовта, отпорот, желбата, контролата, насилството и човечките чувства.

Инспирирана, меѓу другото, од приказната на Хорхе Луис Борхес „Двајцата кралеви и двата лавиринта“, претставата го поставува прашањето за човечката потреба за контрола и можноста за слобода надвор од наметнатите граници.

Претставата трае 60 минути, се изведува на словенечки јазик со превод на македонски, а настапуваат Матеја Железник, Лука Остреж, Филип Мрамор, Лука Бокшан и Андреј Томше.

По отворањето, 51. МОТ продолжува со богата фестивалска програма до 24 ноември, носејќи театарски продукции, меѓународни гостувања, танцови перформанси и музички содржини.

Билетите за претставата „Кратки приказни“, како и за останатите претстави од фестивалската програма, се во продажба преку онлајн сервисот bileti.mkc.mk и физички на билетарницата на МКЦ, по промотивна цена од 400 денари.

Можете да прочитате

Апасиев: ДПМНЕ води ПР, не води политика – институциите се заробени од партиски и семејни мрежи, а корупцијата е претворена во систем

Цанов објави пораки од Михаилова и мајка ѝ: Барале да ја повлече снимката за ДАНС, стравувајќи дека „сите ќе умрат уште вечерва“

Виктор Спасески ја претставува Македонија на претстојниот Европски шампионат во слем-поезија