Утрински Весник
Македонија

Загаден воздух вечерва во Скопје

2cf90c53 591c 4afe 9f81 134e2b515dca.jpeg

Загадувањето на воздухот вечерва се зголеми во скопските населби Карпош и Гази Баба. Според податоците на платформата IQAir во 23 часот, Карпош имаше индекс од 164 според американската скала за квалитет на воздухот (US AQI), што го става во црвената категорија „нездрав“.

Screenshot

Во Гази Баба индексот изнесуваше 142, во портокаловата категорија „нездрав за чувствителните групи“.


Screenshot

Ситните честички ПМ2,5 беа главниот загадувач на двете мерни места. Нивната концентрација во Карпош изнесуваше 73,9 микрограми на кубен метар, а во Гази Баба 52,3 микрограми на кубен метар.

Можете да прочитате

Протест за Сара пред СВР Охрид

(Фото) По 13 години чекање, се подготвува отворање на патот од Водно до Сончев Град

Во двор во Струмица пронајдени коски што наликуваат на човечки