Утрински Весник
Македонија

Четири малолетници возеле без возачка па завршиле во полициска станица

Struga soobrakaec.jpg

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода седум возачи и извршија службени разговори со двајца малолетници поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, 21-годишната Т.С. од с.Глуво, скопско, Н.Т.(37) од с.Тисовица, Општина Зелениково и Е.Р.(37) од с.Черкези, кумановско.

Додека, пак, службени разговори се извршени со родители на двајца 17-годишници од Градско  и од с.Уланци, општина Градско, поради тоа што управувале мотоцикли без регистарски ознаки и пред да се стекна со право на управување. Под дејство на алкохол возеле З.Д.(40) од Битола и И.Г.(41) од Охрид, кој претходно учествувал и во сообраќајна незгода. Лицето А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско управувал патничко возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.


Можете да прочитате

Уапсен вработен во Дирекцијата за заштита и спасување, осомничен за примање поткуп

Уапсен 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда” стигнавме до „телесна повреда”?!