Утрински Весник
Економија

Бензините поевтинуваат за 2, а дизелот за 2,5 денари по литар

Goriva.png

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.11.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 09.11.2026 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 92,00 ден/лит.


Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.11.2026 година и со тоа
малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 100,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,998 ден/кг, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 09.11.2026 година и со тоа малопродажната цена на МазутотМ-1 НС изнесува 48,314 ден/кг.

Од 17.11.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 84,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 86,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 100,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 48,314 (денари/килограм)

РКЕ

Можете да прочитате

Битиќи, Узунов, Заевска, Митевски: Без инвестиции во образованието, здравството и продуктивноста нема побрз економски раст 

Филипче: Животот поскапува, три минимални плати не ја покриваат кошничката

Европскиот парламент издвојува дополнителни 10 милијарди евра за критични суровини, Македонија има можност да се вклучи