Утрински Весник
Македонија

Клековски: Нездравата исхрана и неактивноста се коренот на проблемот, потребни се радикални превентивни мерки

Image 2026 11 13 150853130.png

Во пресрет на 14 Ноември, Светскиот ден на дијабетесот, министерот за здравство Сашо Клековски денеска, заедно со директорот на Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања, проф. д-р Ирфан Ахмети, ја упати пораката „Рано делување против дијабетесот”.

Министерот Клековски истакна дека, според податоците на светско ниво, повеќе од 40 проценти од луѓето што живеат со дијабетес не знаат дека ја имаат оваа состојба. Дијагнозата често се поставува кога веќе се појавиле сериозни компликации, најчесто во продуктивна возраст.


„Мораме да одиме до коренот на проблемот, а тоа се нездравата исхрана и отсуството на физичка активност. Затоа се потребни радикални превентивни мерки за здрав живот. Потребна општествена согласност за забрана за продажба на ‘џанк’ храна во училиштата, вклучување на овошје, зеленчук и свежо приготвена храна во училишната исхрана, како и данок на додаден шеќер во пијалаците”, изјави министерот Клековски.

Министерот ги наведе четирите столба на политиката на Министерството и Владата:

  • мерки за здрав живот уште од најрана возраст;
  • зајакнување на превенцијата и скринингот во примарната здравствена заштита;
  • непречена достапност до современа терапија, инсулин и помагала, со проширување на следењето со сензори и со воведување нови терапии за компликациите;
  • поддржувачка средина без стигма – во училиштата, на работните места и во општеството.

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

„Раното дејствување има за цел заеднички да влијаеме врз секој поединец да прави редовни скрининг прегледи, посебно кај лица од ризични групи. Токму скринингот спроведен вчера од страна на ММСА кај вкупно 145 лица покажа дека дури 16% не знаеле дека имаат дијабетес и веднаш биле упатени во центар за дијабетес, посочи директорот на Клиниката д-р Ахмети. 

Можете да прочитате

Одбележан Денот на Инженерискиот баталјон на АРМ

Клековски: Едно боцкање за рано откривање — грижата за машкото здравје не смее да биде табу

Почина 67-годишен скопјанец, го прегазил тракторот кој сам се придвижил на бензинска пумпа