
Собранието денеска ќе го одржи продолжението на 129. седница, на чиј дневен ред преостанати се уште пет предлог-закони, меѓу кои и измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки.
Собранието на седницата одржана на 10 ноември го усвои амандманот за бришење на членот 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавни набавки. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова не го потпиша указот за негово прогласување.
Амандманот беше поднесен од пратениците Бојан Стојаноки, Дафина Стојаноска и Бране Петрушевски. Со неговото усвојување, како што истакна Стојаноски, измените на Законот се усогласуваат со укажувањата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.



