Утрински Весник
Македонија

Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со околу 7.000 млади крапови

Slika 8.jpg

Еден тон подмладок од крап денес е пуштен во водите на Преспанското Езеро, со што рибниот фонд е дополнет со околу 7.000 млади единки добиени од икра на матици од самото езеро.

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика” од Неготино, за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.


„Со денешното порибување ја поддржуваме обновата на локалната популација на крап. Ќе продолжиме и во иднина да вложуваме во рибниот фонд и да го штитиме, на тој начин исполнувајќи ја нашата обврска за зачувување на биодиверзитетот на Преспенското Езеро”, истакнува министерот Борче Серафимовски.

Инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство го следеа порибувањето, вршејќи контрола на вкупната тежина на подмладокот и бројот на единките пуштени во езерото.

„Ќе ги засилиме контролите на Преспанското Езеро и ќе ја продолжиме соработката со риболовните здруженија за заштита на рибниот фонд преку навремено откривање и спречување на незаконскиот риболов”,  нагласува директорот на ДИЗ, Ивица Ангеловски.

Можете да прочитате

Влегол во стан и се обидел да украде куфери со пушки и муниција – полицијата го фатила крадецот

Таткото ја нападнал, мајката психички ја вознемирувала – малолетничка од Скопје побарала помош од полицијата

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад на Светскиот конгрес на ИСВА во Лондон: Меѓународна соработка за одржливо управување со отпадот и подобра иднина