Утрински Весник
Свет

Двајца загинати и 17 повредени во уривање зграда во Бруклин, продолжува потрагата низ урнатините

Bruklin zgrada.jpg

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени откако трикатна зграда се урна во њујоршкиот кварт Бруклин. Четворица од повредените се во критична состојба, а спасувачките екипи продолжуваат да ги пребаруваат урнатините поради можноста под нив да има уште луѓе.

Несреќата се случила во средата, 11 ноември, нешто по 16 часот по локално време, во населбата Флетбуш. Објектот, во кој имало продавница и станови, се урнал во соседно градилиште каде што се изведувале ископувања. Причината допрва се утврдува.


Пожарникарите користат кучиња трагачи, дронови и специјализирана опрема за пребарување и отстранување на градежниот материјал.

„Не знаеме колку луѓе сè уште се наоѓаат во зоната на уривањето и ова ќе биде долготрајна операција“, изјави комесарката на њујоршката противпожарна служба Лилијан Бонсињоре.

Меѓу лицата на кои им била укажана помош има седум деца. Полесно е повреден и еден пожарникар.

Уривањето оштетило и соседна зграда, чија странична фасада била откината, оставајќи дел од становите изложени. Инспектори ја проверуваат стабилноста на околните објекти, додека надлежните ја истражуваат причината за несреќата.

Можете да прочитате

Украинците погодија моќен руски воен брод

Иран: Ако Америка повторно нападне, ќе ги нападнеме базите во Европа

Руски дипломат: Москва би можела да склучи договор за ненапаѓање со земјите членки на НАТО