Утрински Весник
Свет

Иран: Ако Америка повторно нападне, ќе ги нападнеме базите во Европа

Iran.webp.webp

Шефот за безбедност на Иран, Мохсен Резаи, синоќа се закани дека Техеран ќе нападне американски воени бази надвор од Блискиот Исток, вклучително и оние во Европа, доколку тие бидат искористени за бомбардирање на Исламската Република, пренесува АФП. Ужасниот пораз на Републиканската партија на американскиот претседател Доналд Трамп на конгресните избори претходно овој месец, се чини дека го принуди Вашингтон да ги повлече заканите за понатамошни напади врз Иран.

„Доколку американските авиони полетаат од американска воена база, дури и ако е во европска земја или друг далечен регион, за да го бомбардираат Иран, ние ќе ги таргетираме и тие бази“, рече Резаи во интервју за либанската телевизија „Ал Мајадин“, емитувано во среда.


Тој, исто така, рече дека одговорот на Иран на какви било нови американски напади ќе „ги таргетира подалечните американски воени објекти, вклучувајќи ги и оние што сè уште не сме ги нападнале“, без да прецизира кои локации. „Дури би можеле да таргетираме одредени острови за кои Американците претпоставуваат дека се надвор од дометот на нашите ракети“, додаде тој за време на разговорот во Техеран.

Војната на Блискиот Исток избувна на 28 февруари со американско-израелски напади во кои беше убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. Иран одговори со лансирање ракети и беспилотни летала кон земјите низ регионот каде што се стационирани американските воени сили, а во конфликтот се придружија и милитантни групи поддржани од Техеран во Либан, Јемен и Ирак.

Можете да прочитате

Руски дипломат: Москва би можела да склучи договор за ненапаѓање со земјите членки на НАТО

Рекордна невработеност на високообразованите во Германија

Кушнер ја повика Европа да именува еден претставник за преговорите со Русија