Утрински Весник
Свет

По Абу Даби, можна е средба на Мерц со Путин

Merc.webp.webp

Портпаролот на германската влада денеска соопшти дека откако во Абу Даби беше постигнато пошироко разбирање за идните разговори за Украина, можна е средба помеѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и рускиот претседател Владимир Путин.

– Сега имаме постигнато разбирање за пошироките контури. Ова разбирање во моментов се споделува со рускиот претседател. И, врз основа на тоа, би можеле да се одржат разговори, наведе портпаролот одговарајќи на новинарско прашање дали Мерц е подготвен да разговара со Путин.


Тој додаде дека разбирањето во Абу Даби е постигнато помеѓу европските, американските и украинските претставници, а не со Русија, и додаде дека овие принципи ќе влијаат на идните разговори. 

Можете да прочитате

Почина рускиот амбасадор во Вашингтон

Бебе пронајдено живо откако 24 часа минало закопано во плиток гроб во САД

Повеќе од 770 училишта во Велика Британија добија лажни дојави за поставена бомба