Утрински Весник
Свет

Повеќе од 770 училишта во Велика Британија добија лажни дојави за поставена бомба

Uk.png

Повеќе од 770 училишта во Велика Британија, од кои 470 во Шкотска и над 300 во Северна Ирска, денеска добија идентични електронски пораки со закани за поставени бомби.

Полицијата во Шкотска соопшти дека нејзината единица за киберкриминал и измами спроведува широка истрага за да го утврди изворот на лажните дојави за поставени бомби.


Властите во Северна Ирска соопштија дека денешните пораки наликуваат на лажните дојави од минатиот месец.

Во исто време, најмалку 300 училишта во Италија беа евакуирани откако добија пораки за поставени бомби. Закана беше упатена и до премиерката на Италија, Џорџа Мелони.

Во дојавите испратени до италијанските училиштата се наведува: „Ќе ве уништиме“, а пораката е потпишана со Михаил Андропов.

Во пораката испратена до Мелони се наведува: „Поставивме бомба во моторот на автомобилот на вашата премиерка“.

Сличен инцидент беше регистриран и претходните денови во Италија, кога закани беа испратени до 280 директори на училишта.

Во Европа, супермаркетите, банките за крв, воздушниот сообраќај и телевизиските станици неодамна беа цел на хибридни напади.

Заканувачките е-пораки испратени до телевизиски станици и авиони низ цела Европа исто така беа потпишани со името Михаил Андропов. 

Можете да прочитате

Бебе пронајдено живо откако 24 часа минало закопано во плиток гроб во САД

Најмалку 300 училишта во Италија се евакуирани по закани со бомба, закана упатена и до Мелони

Зетот на Трамп: Утре патуваме за Москва на средба со Путин