Утрински Весник
Македонија

Египет стави организација од Македонија на терористичка листа

Image 264420.png

Организација наведена како „Исламско младинско здружение“ од Македонија се најде меѓу 35 субјекти што Египет ги вклучи на својата национална листа на терористички организации. Одлуката на Кривичниот суд во Каиро опфаќа и 36 лица, а впишувањето ќе важи пет години, соопшти египетската државна новинска агенција МЕНА.

Во англиската верзија на списокот што ја објави МЕНА, организацијата е наведена како „Islamic Youth Assembly“, со ознака Македонија. Засега нема независна потврда за нејзиниот точен регистриран назив, седиште и актуелен статус во земјава.


Решението е објавено на 10 ноември во египетскиот службен весник, во рамки на предметот број 11108 за 2026 година пред Врховното обвинителство за државна безбедност.

Меѓу опфатените субјекти се Советот на муслиманите на Европа и неговите ограноци, здруженија од Франција, Велика Британија, Германија и други европски држави, како и Европскиот совет за фетви и истражувања и Европскиот совет на имами.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, побаравме пауза за да се објави вистината

Крмов кон Мицкоски: Во кое својство сте и финансиски консултант и стечаен управник на Алта банка?

Пронајдена дрога во возило, уапсен 49-годишен скопјанец