Утрински Весник
Скопје

Лектирни изданија за сите основни училишта во Карпош

Lektira 1 e1794298979302.jpeg

Општина Карпош продолжува да инвестира во образованието и да создава подобри услови за учење, знаење и развој на најмладите. Со цел збогатување на училишните библиотеки и поттикнување на читачката култура, обезбедени се нови лектирни изданија за сите општински основни училишта на територијата на Карпош.

На овој начин, на учениците им се овозможува полесен пристап до задолжителната и дополнителната литература, а воедно се поттикнуваат љубовта кон книгата, читачките навики и интересот за пишаниот збор. Книгите се многу повеќе од извор на знаење – тие ја развиваат фантазијата, го збогатуваат речникот, ги прошируваат хоризонтите и отвораат нови светови пред младите читатели. Инвестирањето во книгите е инвестирање во знаењето, културата и иднината на нашите деца.


Можете да прочитате

Без вода дел од Чаир и Топанско Поле поради изведба на водоводен приклучок

Без струја денеска делови од Гази Баба, Чаир и Петровец

Без струја утре делови од Белимбегово, Чаир, Карпош и Гази Баба