Утрински Весник
Македонија

Завршен настан за проектот за бесплатен безжичен интернет, поддржан од ЕУ и Германија

Image 2026 11 10 085119045.png

Завршен настан за проектот за бесплатен безжичен интернет, поддржан од Европската Унија и Германија, ќе се одржи денеска во „Европска куќа“ во Скопје.

Како што информираа од организацијата, предвидено е настанот за проектот „WiFi4WB“ да почне во 10 часот.


– Проектот се спроведе во 64 општини низ земјата и овозможи пристапни точки (хот спот) за бесплатен безжичен интернет на јавни површини определени од општините учеснички, вклучувајќи плоштади, паркови, културни центри, библиотеки и други локации што ги користат локалните заедници. Повеќе од 200.000 луѓе ги користеле бесплатните безжични интернет конекции во рамките на „WiFi4WB“ низ Северна Македонија, откако беа воспоставени на почетокот на годинава – се додава во соопштението.

Се истакнува дека поставувањето на мрежата во државата претставува значаен чекор кон општество кое е подобро поврзано и дигитално инклузивно.

– „WiFi4WB“ е дел од „EU4Digital“ – регионална програма што ја поддржува дигиталната трансформација и поврзаноста низ Западен Балкан. Иницијативата е кофинансирана од Европската Унија и Владата на Германија, а ја спроведува „Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit“ (GIZ), во соработка со националните институции, општините и „Македонски Телеком“ – се додава во соопштението.

Најавени се обраќања на амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија – Михалис Рокас, амбасадорката на Германија во државава – Петра Дрекслер, министерот за дигитална трансформација – Стефан Андоновски и на главниот извршен директор на „Македонски Телеком“ – Горан Марковиќ.

Можете да прочитате

Измените на Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Шасивари и Рокас разговарале за реформите во правосудството и препораките од Извештајот на ЕК