Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за скопјанец, неовластено објавувал ТВ серија на Фесјбук

Krivicna prijava za edno lice za povreda na avtorsko pravo i srodni prava i piraterija na audiovizuelno delo image.jpg

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе Кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Ј.К (46) од Скопје за сторени кривични дела „повреда на авторско право и сродни права“ и „пиратерија на аудиовизуелно дело“, по член 157 и член 157 – б од Кривичниот Законик.

Имено, пријавениот Ј.К, во 2024 година како администратор на Фејсбук страница незаконски и неовластено преку јавна објава на страната емитувал ексклузивни авторски права на тв серија што биле отстапени само за програмски сервис на телевизиска куќа, врз основа на претходно склучен договор. 


Согласно пријавата од телевизиската куќа доставена до ОЈО Скопје, пријавениот ги сторил кривичните дела на начин што преку својот кориснички профил на социјалната мрежа Фејсбук, како администратор на Фејсбук страната, меѓу другите објавени серии, филмови и документарци, објавувал и епизоди од серијата за кои не поседувал авторски права.

Постапувајќи по Наредба од ОЈО Скопје, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР спроведе истрага во рамки на која го повика пријавеното лице на информативен разговор и привремено одзеде електронски уред во негова сопственост, а по извршена форензичка анализа врз истиот, се потврдија наводите од пријавата и од исказот што го даде пријавениот во информативниот разговор.

Можете да прочитате

ДОМ: Кога реформите се само декор, цената ја плаќаат граѓаните!

Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува група за изнуда и лихварство

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот!