Утрински Весник
Македонија

Во Солун уапсен маж кој се барал со меѓународна потерница за тешка кражба во Македонија

Grcija Policija.jpg

Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж, кој се барал со меѓународна потерница од Интерпол издадена од нашата земја за извршено кривично дело тешка кражба, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката полиција, полицајците од Одделението за сузбивање и расчистување кривични дела, вчера во вечерните часови, во центарот на Солун уапсиле „43-годишен странски државјанин, по кого била распишана меѓународна потерница од Интерпол – Македонија, поради кривично дело тешка кражба, согласно одредбите од Кривичниот законик на наведената земја“.


Во рамки на секојдневните контроли и патроли на полицајците во Солун, со цел спречување и сузбивање на криминал, како и за расветлување на различни кривични дела, биле уапсени повеќе лица, меѓу кои и 43-годишниот, кој се барал од македонските власти.

Уапсениот, се очекува да биде изведен пред надлежните власти за да започнат процедурите за негова екстрадиција.

Можете да прочитате

Кос: Северна Македонија демонстрира посветеност на реформите, наша цел останува отворање на првиот кластер штом се исполнат условите

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат уреди за констатирање сообраќајни прекршоци 

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа