Утрински Весник
Македонија

Седум возачи уапсени – возеле без положен возачки испит, под дејство на алкохол и со активна забрана за управување

Lisen od sloboda vozac vo tetovsko vozel bez vozacka dozvola i predizvikal soobrakjajna nesrekja sleduva krivicna prijava image.jpg

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации на територијата на државата, полициски службеници лишиле од слобода седум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, тројца управувале возило без положен возачки испит, Х.И.(39) од Велес, С.Ш.(36) од Куманово и А.Ш.(25) од село Селце.


Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол, З.С.(43) од Куманово и З.З.(63) од Велес.

Исто така, двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило, К.Е.(49) од село Ѓурѓевиште, гостиварско и Р.С.(47) од Кавадарци.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или доколку имаат активна забрана за управување. Непочитувањето на правилата ја загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Со одговорно однесување и почитување на законите, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта и заштита на човечките животи.

Можете да прочитате

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор

Уапсени 13 лица, пронајдени и одземени марихуана, прашкасти материи и таблети

Редици пред Алта Банка и во Битола, од банката смируваат: „Ликвидни сме работиме согласно законите“