Утрински Весник
Балкан

Три лица осомничени за минатомесечната експлозија во центарот на Атина со шест жртви

Policija grcija.webp.webp

Двајца грчки и еден албански државјанин, кои се чини дека предизвикале намерно оштетување на цевководите на инсталацијата за природен гас со цел кражба на бакарни цевки, се осомничени за експлозијата во двокатната зграда во атинската населба Плака што се случи минатиот месец, а во која животот го загубија шест лица.

Според информациите од противпожарната служба на Грција, по спроведената истрага што во изминатите 34 дена под строга тајност ја водела Дирекцијата за истражување на кривични дела поврзани со подметнување пожари, расчистени се причините за експлозијата, идентификувани се тројцата осомничени и издадени се налози за нивно апсење.


Истрагата се водела под надзор на обвинителските органи, била направена реконструкција на местото на експлозијата, што воедно бил и клучниот дел од истрагата за да се утврдат положбата и меѓусебната поврзаност на пронајдените докази, а во научниот дел помогнале судски вештаци и професор од Националниот технички универзитет во Атина.

Експлозијата во населбата Плака, во центарот на Атина, што е една од најфреквентните населби во грчката метропола и една од главните туристички локации, се случи во раните утрински часови на 25 септември во двокатна зграда, што целосно се урна.

Животот го загубија шест лица, повозрасна брачна двојка која живеела на вториот кат и четворица туристи, тројца државјани на САД со албанско потекло и еден Американец, кои престојувале на првиот кат што функционирал како Ер-би-ен-би.

Потрагата под урнатините на спасувачките служби траеше над 30 часа кога беа пронајдени и извлечени шесте безживотните тела.

Можете да прочитате

Принудно слетување во Истанбул, јато птици оштети крило на авион при полетување

Директорот на косовската полиција, Газменд Хоџа, поднесе оставка по случајот со убиството на Арлинда Зекај

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава