Утрински Весник
Магазин

Еурека со историски успех на Светското првенство во Полска

Img 6863.jpeg

“Ние продолжуваме да танцуваме, освојуваме, бодриме и правиме секој еден да се чуствува свое, посебно и видено. Со Љубов, Еурека.”

Танцовото студио Еурека ја одбрани минатогодишната титулата Светски Шампион категорија Продукција и уште еднаш беше причина за детска среќа и исполнување на соништа. Студиото со своите танчери блесна на Светското првенство IDO World Championships – World Cup во Полска, каде што оствари одлични резултати и го потврди својот квалитет на меѓународната сцена. 


Настапот на Еурека на престижниот натпревар беше вистински танцов маратон. Во светската конкуренција на кое учествуваа 34 земји и 4000 танчери од целиот свет студиото учествуваше со вкупно 55 танчери, кои се натпреваруваа во различни категории. Меѓу нив беа една продукција со 52 танчери, 2 формации, 3 групи, 7 дуети и 14 солистички настапи.

Screenshot

Најголемото признание го освои продукцијата на Еурека, која втора година по ред се закити со титулата СВЕТСКИ ШАМПИОН. ЗЛАТО и првото место, оставајќи белег кај секој еден од публиката, изведувачите и судискиот панел. Овој успех е особено значаен имајќи предвид дека зад настапот стои голема екипа од 52 танчери, 8 минутно авторско дело и младиот кореограф Ања Јолакоска. Синхронизација, енергија, дисциплина и посветеност како клуч за успехот. 

Во силна конкуренција во категоријата All styles battle Ања Јолакоска се закити со титулата Вице-Шампион освои сребрен медал во возрасна категорија Сениори, додека Анастасија Палчевска се пласираше на третото место во возрасна категорија Јуниори 1, освојувајќи бронзен медал. Значително е да се спомене дека во конкуренција од 160 танчери во категорија Hip hop solo Јуниори 1 Евгенија Кочоски и Стефанија Матеска изиграа во Полуфиналето и освоија високо 7 место. 

Но, медалите се само дел од приказната. Зад овој успех стојат месеци напорна работа, тренинзи, подготовки, одрекувања и тимски дух. За Еурека, настапот во Полска беше уште една можност да се бранат боите на државата на највисоко меѓународно ниво и да покаже дека македонските танчери можат рамноправно да се носат со најдобрите.

Со злато, сребро и бронза, како и со бројното учество во повеќе натпреварувачки категории, Еурека од Полска се враќа со резултати кои се голем мотив за сите идни генерации танчери.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 29 октомври 2026 година

Дневен хороскоп за 28 октомври: Близнаците добиваат интересна понуда, Јарците завршуваат важна обврска

На генералната конференција за тежини и мерки во Версај донесени одлуки за иднината на мерењето на времето